Шефот на Кудс наводно планирал уште напади

Нетанјаху: Убивањето на Сулејмани е оправдан чин на самоодбрана на САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече убиството на високиот ирански командант од страна на САД како оправдан чин на самоодбрана и рече дека Доналд Трамп е заслужен за „брзото, силно и одлучно постапување“.

Израелскиот лидер рече дека неговата земја „ги поддржува Соединетите Држави во нивната праведна борба за мир, безбедност и самоодбрана“, обвинувајќи го Сулејмани дека организирал и планирал напади против „американски граѓани и многу други невини луѓе“.

Техеран вети дека ќе се одмазди за смртта на Сулејмани, додека привремениот ирачки премиер изјави дека Вашингтон ги прекршил условите според кои Багдад им дозволува на САД да стационираат војници на иранско тло.

Касем Сулејмани, командантот на елитните Кудс сили, рано утрово беше убиен во американски воздушен напад кај меѓународниот аеродром во Багдад.

Нетанјаху ја прекина посетата на Грција и се врати во Израел како реакција на веста.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе