Нетанјаху убедливо победи, останува на чело на својата конзервативна партија

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оствари „огромна победа“ на гласањето за лидер на неговата партија Ликуд.

Нетанјаху доби 72,5% од гласовите, наспроти неговиот ривал Гидеон Саар, кој освои 27,5%.

Саар го призна поразот, велејќи дека тој сега ќе го поддржи Нетанјаху на парламентарните избори што ќе се одржат во март.

Внатрепартиското гласање се сметаше за тест на моќта на Нетанјаху во едно бурно време, со сè поголеми проблеми за него.

70-годишниот Нетанјаху се соочува со судење за обвиненија за мито и корупција, како и со трети национални избори во рок од една година.

Претходните избори одржани во април и септември го доведоа Ликуд во ќор-сокак со центристичката Сино-бела партија - кога ниедна од нив не успеа да формира влада.

„Огромна победа!“, напиша Нетанјаху на Твитер. „Им благодарам на членовите на Ликуд за гласањето за доверба, поддршка и љубов. Со божја волја и со ваша помош, ќе го водам Ликуд до голема победа на претстојните избори и ќе продолжам да ја водам државата Израел до невидени достигнувања“.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе