За означувањето на Иранската гарда за терористичка група

Нетанјаху: „Трамп исполнува уште едно од моите важни барања“

Израелскиот премиер му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за означувањето на Иранската револуционерна гарда како „странска терористичка организација“.

Бенјамин Нетанјаху рече дека ова означување „им служи на интересите на нашите земји и на земјите од регионот“.

Нетанјаху, кој сака да биде реизбран на израелските парламентарни избори во вторник, денеска по објавувањето од САД, на хебрејски напиша пост на Твитер дека Трамп „исполнува уште едно од моите важни барања“.

Израел долго време ја смета Исламската Република Иран за свој најголем непријател, повикувајќи се на непријателската реторика на нејзините водачи, можната нуклеарна програма, развојот на проектили со долг дострел и поддршката на антиизраелските милитантни групи, како што е Хезболах, вели АП.

„Ние ќе продолжиме да работиме заедно на сите начини против иранскиот режим, кој им се заканува на државата Израел, на САД и на мирот во светот“, рече Нетанјаху.

САД денеска ја означија Иранската револуционерна гарда за „странска терористичка организација“ како дел од напорите за зголемување на меѓународниот притисок врз земјата, соопшти претседателот Доналд Трамп.

Веднаш потоа иранскиот Врховен совет за безбедност ги прогласи САД за „терористичка влада“, означувајќи ја американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) како терористичка група.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе