Кабинетот на премиерот Нетанјаху и американската амбасада во Ерусалим засега не ја коментираат веста.
Ави Шарф од дневниот весник Хаарец ги објави податоците за следењето на авионот кои покажуваат дека бизнис авион полетал од Тел Авив и слетал во Неом, на саудискиот брег на Црвеното Море, каде Бин Салман и Помпео вчера имале закажано состанок.
Помпео се труди да ја натера Саудиска Арабија да ги следи своите соседи, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, и да воспостави официјални односи со Израел.
Ројтерс наведува дека станува збор за политика на приближување која поприлично е заснована врз заедничките стравувања околу Иран.
Ријад засега не размислува за нормализација на односите со Израел, истакнувајќи дека прво треба да се решат прашањата во врска со позицијата на Палестина.
Но Саудијците им дозволија на израелските воздухопловни компании да ја прелетуваат нивната територија кон новите дестинации во Персискиот Залив и Азија.