Нетанјаху се изјасни дека не е виновен на судењето за корупција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се изјасни за невин откако дојде во окружниот суд во Ерусалим за да одговара на обвинувањата за корупција.

Фото: ЕПА

Нетанјаху е обвинет за измама, злоупотреба на довербата во три случаи, вклучително и мито во еден од нив.

Додека влегуваше во судницата, околу 150 демонстранти протестираа, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Израелската држава против Бенјамин Нетанјаху“.

Израелскиот премиер присуствуваше на сослушувањето врз основа на одлуката на судиите, потврдувајќи дека ги негира обвинувањата.

Судијката што претседава со судскиот совет, Ривка Фридман-Фелдман, подоцна му рече на Нетанјаху дека не мора да присуствува на остатокот од рочиштето, па тој наскоро ја напушти судницата.

Детален одговор на обвиненијата на судиите веќе им доставија адвокатите на Нетанјаху, кои ја презентираа главната линија на одбраната не само на Нетанјаху, туку и на издавачот на тиражниот весник „Једиот Ахронота“ и на главните акционери на телекомуникацискиот гигант Безек и новинскиот сајт Вала.

Нетанјаху е обвинет дека примал скапи подароци од богати пријатели и им нудел услуги на моќни медиумски магнати во замена за поволно известување за него и неговото семејство.

Рочиштето минатиот месец беше одложено поради ограничувања на јавни собири во услови на брзо ширење на коронавирусот.

Нетанјаху е првиот израелски лидер кому му се суди за корупција, но тој негира дека сторил нешто лошо и тврди дека е жртва на „лов на вештерки“ организиран од полицијата и од медиумите.

Тој одби да се повлече и ја искористи својата позиција за да им се спротивстави на критичарите и на системот на правдата.

Израелскиот водач пристигна во судот со конвој возила со силни безбедносни мерки, додека на покривите на околните згради беа распоредени снајперисти, што е нормална процедура.

Во неделата Нетанјаху ги замоли своите приврзаници да не доаѓаат на суд поради ширењето на инфекцијата на коронавирусот.

Тој пристигна рано и додека седеше на столот, со грб свртен кон камерата крај отворениот прозорец, можеше да ги слушне демонстрантите како извикуваат пароли против него. Ова е вторпат Нетанјаху да присуствува на сослушување.

Официјално негирајќи ги обвинувањата, тој стана и му рече на судот: „Го потврдувам одговорот даден од моите адвокати“, објавија израелските медиуми.

Судот расправаше за распоредот на презентирање докази во процесот и дали тие ќе бидат одложени поради парламентарните избори закажани за 23 март.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе