„Русија нема доволно моќ“

Нетанјаху: Путин не може сам да го исфрли Иран од Сирија

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави денес дека Русија нема доволно моќ сама да го истера Иран од Сирија, пренесуваат агенциите.

Нетанјаху на седница на парламентарниот одбор за надворешна политика и одбрана кажа и дека Израел продолжил да дејствува во Сирија по соборувањето на рускиот авион на 17 септември, пренесуваат израелските медиуми.

„Нашите шпионски авиони продолжуваат да летаат и да собираат информации. Според информациите што ги имаме, обемот на иранските испораки на оружје на (либански) Хезболах преку Сирија се значително опаднати од соборувањето на рускиот авион“, кажа израелскиот премиер.

Рускиот разузнавачки авион по грешка го собори сириската воздушна одбрана за време на израелски напад врз цели во Сирија.

Москва ја обвини израелската војска дека го користела рускиот авион како штит, што Израел го отфрли, тврдејќи дека израелските авиони веќе биле во израелскиот воздушен простор кога бил соборен рускиот авион.

Израелскиот лидер денес повтори дека односите на Израел и Русија се „добри“ и дека со рускиот претседател Путин имал „одлична“ средба во Париз на 11 ноември, на одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна.

„Мојот разговор со Путин траеше половина час и беше одличен“, кажа Нетанјаху и додаде дека на рускиот претседател му понудил „засилена соработка на армиите“ на двете земји.

Тој истакна и дека Израел ќе продолжи да дејствува во Сирија.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе