Нетанјаху поради Путин нема да оди во Париз?

Премеирот на Израел Бенјамин Нетанјаху најверојатно ќе го откаже патувањето во Париз, каде планираше да се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин.

Причината за тоа е што Французите побараа од светските лидери да не се сретнуваат на маргините на настанот со кој се одбележуваат сто години од крајот на Првата светска војна. Беше планирано Нетанјаху да отпатува во Франција во саботата на конференцијата на која ќе присуствуваат над 100 лидери од целиот свет.

Тој сакал да се сретне со Путин, но таква средба сѐ уште не е договорена и покрај разговорите меѓу израелскиот советник за национална безбедност Меир Бен Шабат и неговиот руски колега Николај Патрушев.

Русите вчера кажаа дека Путин ќе се сретне со претседателот на САД Доналд Трамп и дека можеби ќе се сретне и со други лидери, вклучувајќи го Нетанјаху, пренесуваат израелските медиуми.

Израелските функционери стекнале впечаток дека Москва одолговлекува со обидите да се договори состанокот бидејќи Израел сѐ уште нема прифатено порано да ја информира израелската војска за потенцијалните воздушни напади врз цели во Сирија.

Барањето следеше откако сириски ракети на 17 септември по грешка соборија руски шпионски авион за време на израелски напад.

Израелската војска стравува дека информациите за планираните нови напади би можеле да стигнат до Сиријците и Иранците кои се борат во сирискиот конфликт на страната на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Извори од кабинетот на Нетанјаху кажаа дека во Париз нема да има услови за состаноци на лидерите поради структурата на настанот, густиот распоред и недостигот од простории каде тие би се одржале.

Нетанјаху и Путин се сретнаа неколку пати во последните месеци и разговараа за загриженоста на Израел поради иранското воено присуство во соседна Сирија.

Односите меѓу двете земји се влошени по соборувањето на рускиот авион, при што загинаа 15 војници.

Руските власти за инцидентот ја обвинија израелската војска, кажувајќи дека предупредувањето за нападот било дадено само минута претходно и дека израелските борбени авиони го користеле рускиот авион како штит.

Израел ги негираше обвинувањата, тврдејќи дека израелските авиони веќе биле во израелскиот воздушен простор кога бил соборен рускиот Ил-20.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе