„Градовите и селата ќе станат енклави“

Нетанјаху: Палестинците во долината на Јордан нема да станат граѓани на Израел по анексијата

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави дека Палестинците во долината на реката Јордан нема по израелската анексија на делови од Западниот брег да станат граѓани на Израел.

EPA-EFE/RONEN ZVULUN

Градовите и селата во таа област со 50-65.000 Палестинци ќе станат „палестински енклави“ под безбедносна контрола на Израел, кажа Нетанјаху за васникот Израел хајом.

Нетанјаху најави дека долината на реката Јордан и сите еврејски населби на окупираниот Западен брег Израел ќе ги анектира во согласност со „Блискоисточнот мировен план“ на претседателот на САД Доналд Трамп.

Тој процес би можелд а почне веќе на 1 јули, кажа тој.

Анексијата на тие области практично ќе оневозможи создавање одржлива палестинска држава покрај Израел, иако тоа се смета за единствен начин за решавање на повеќедеценискиот конфликт на двата народи.

Нетанјаху во интервјуто особено ги спомна жителите на Јерихон кои ги има околу 20.000, најавувајќи дека нема да биде анектиран, дека над тој град нема да се воспостави израелскиот суверенитет, но дека Израел сепак ќе има безбедносна контрола.

Палестинците на Западниот брег живеат под израелска воена окупација од војната во 1967 година, кога Израел ја освои таа територија заедно со источен Ерусалим и појасот Газа.

Тие планираат на тие територии да ја формираат својата идна држава.

Врз основа на Трамповиот план предвидено е на Палестинците да им се даде „ограничена држава“ на преостанатиот дел од Западниот брег, таа да биде опкружена со територијата на Израел, но сето тоа само ако исполнат низа услови.

Израел со две раце го прифати планот на Трамп, а палестинската управа која владее со делови од Западниот брег гневно го отфрли и ги прекина односите со САД и Израел.

Нетанјаху кажа дека Палестинците, ако ги прифатат условите од планот, вклучувајќи Израел да ја задржи општата безбедносна контрола „ќе имаат свој ентитет кој претседателот Трамп го дефинира како држава“.

Лидерите на еврејските доселеници изразија загриженост што во Трамповиот план воопшто се спомнува држава Палестина.

Врз основа на коалицискиот договор за формирање на актуелната влада на Израел, премиерот Нетанјаху може планот за анексија да го претстави на владата на 1 јули.

Палестинската управа поради тоа соопшти дека повеќе не ја обврзуваат договорите потпишани со Израел и САД, најавувајќи дека ќе ја прекине безбедносната соработка со нив.

Соседен Јордан, соработник на Западот и една од само двете арапски земји кои склучија мировен договор со Израел, предупреди на опасноста од голем конфликт ако еврејската држава го оствари својот план за анексија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/RONEN ZVULUN

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе