Нетанјаху не успеа да состави влада, Израел оди на нови избори

Откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не успеа да формира коалициска влада, донесена е одлука за распуштање на парламентот. Израел ќе оди на нови избори во септември, јавува Би-би-си. Последните избори беа одржани во април.

Премиерот Нетанјаху не успеа да договори нова десничарска коалиција по минатомесечните избори.

Членовите на парламентот гласаа за распуштање на собранискиот состав и со 74 гласа „за“ и 45 гласа „против“ одлучија да се распуштат.

Доколку Нетанјаху успееше да состави влада, тоа ќе му беше петти премиерски мандат.

Преговорите пропаднаа поради нов предлог закон, а поради кој повеќе ултраортодоксни Евреи ќе треба да го отслужат задолжителниот воен рок.

Партиите на ортодоксните Евреи бараа законот да се смени, додека поранешниот министер за одбрана одби да го направи тоа.

На минатомесечните избори неговата партија освои 35 од 120 места во парламентот, но Нетанјаху не успеа да се договори за формирање коалиција со поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман, чија поддршка се покажа како клучна.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе