Нетанјаху не успеа да формира влада ни по четвртите избори во две години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не успеа да формира влада ни по четвртите парламентарни избори во две години.

EPA-EFE

Рокот за формирање нова влада истече вчера. Новиот неуспех на Нетанјаху им дава на неговите политички противници прилика да стават крај на владеењето на 71-годишникот, најдолговечниот израелски премиер во историјата.

Израел е во длабока политичка криза, но Нетанјаху останува на чело на транзициската влада.

Го чека и судење за корупција, но тој ги отфрла обвинувањата.

Израелскиот претседател Рувен Ривлин сега би требало да го даде мандатот за составување влада на лидерот на опозицијата Јаир Лапид од центристичката партија Атид.

Аналитичарите сметаат дека тоа нема да биде лесна задача, а не се исклучуваат ни петти избори во две години.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе