Нетанјаху нареди изградба на нови населби на Западниот брег

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди вчера забрзување на плановите за изградба на 800 домови за еврејски доселеници на Западниот брег, продолжувајќи со населувањето на автономната палестинска област во последните денови на владата на американскиот претседател Доналд Трамп.

EPA-EFE

Палестинците тој проект за населување на еврејски населби го оценија како нелегален, но Израел се обидува да го заврши проектот пред Џо Бајден, критички настроен кон израелската политика на ширење на населбите во палестинските територии, на 20 јануари да влезе во Белата куќа.

Политиката на продолжување на изградбата на еврејските населби на окупираните територии би можела на Нетанјаху да му ги донесе гласовите на доселениците на четвртите по ред парламентарни избори за само две години кои ќе се одржат на 23 март.

Околу 800 домови треба да се изградат во населбите Беит Ел и Говат Зев, северно од Ерусалим, и населбите Тал Менаше, Рехелим, Шавеи Шомрон, Баркан и Карнеи Шомрон на северниот дел на Западниот брег.

Засега не се знае точниот датум на почетокот на изградбата.

„Тоа е трка со времето и обид да се искористат последните денови на актуелната американска администрација“, кажа Васел Абу Јусеф, еден од лидерите на Палестинската ослободителна организација (ПЛО).

Трамповата администрација ја поддржуваше изградбата на еврејски населби на палестинските територии, иако е спротивна на меѓународното право.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе