Нетанјаху му ја понуди функцијата премиер на радикален десничар

Ден пред крајниот рок за формирање влада во Израел, премиерот Бенјамин Нетанјаху му предложи на шефот на радикалната десница Нафтали Бенет да ја заземе првата позиција на шеф на владата, во рамките на можниот договор за ротација на моќта.

Фото: ЕПА

Нетанјаху, кој до вторник навечер има рок да состави коалиција, ги води последните разговори за да ги собере радикалните десничари во владата и со тоа да остане на власт.

Неговата партија Ликуд освои 30 места во Кнесетот, кој има 120 места, на изборите на 23 март - четврти за помалку од две години – а потоа ја доби поддршката од ултраортодоксните партии и крајно десните сојузи, но не успеа да собере мнозинство од 61 место.

За да се доближи до таа бројка, тој му предложи на Нафтали Бенет, поранешен соработник, лидер на радикалната десничарска Јамина, да биде премиер во првата година.

„Го повикувам Нафтали Бенет денес да потпише договор за воспоставување десна влада, со ротација што ќе ја води првата година и да се обврзе дека нема да ѝ се приклучи на ниту една друга влада“, рече Нетанјаху во видеото објавено на Фејсбук.

Но Бенет засега ја одбива понудата и го обвини Нетанјаху дека се свртел против неговата партија во последните неколку недели.

„Формирајте влада и ние ќе бидеме тука ако треба да се помогне“, рече Бенет.

Доколку Нетанјаху не успее да формира влада до вторник во 23:59 часот или не добие одложување на рокот во последен момент, претседателот Рувен Ривлин ќе му го даде мандатот на некој друг да се обиде да формира влада.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе