Порака на израелскиот премиер

Нетанјаху: Ќе му се спротивставиме на Иран, дури и по цена на односите со САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе направи сè што е во негова моќ да се спротивстави на нуклеарната програма на Иран, дури и по цена на клучните односи со САД.

EPA-EFE

„Ако треба да бираме меѓу тензии со САД и елиминирање на егзистенцијалната закана, таа закана е поголема“, кажа Нетанјаху на свеченоста по повод поставувањето нов шеф на тајната служба Мосад.

Израелскиот лидер оцени дека најголемата закана за Израел „се обидите на Иран да се вооружи со нуклеарно оружје“ и ако таа закана го загрозува постоењето еврејска држава, „таа мора бесконечно да се бори против неа“.

Нетанјаху објасни дека тоа му го кажал на претседателот на САД Џо Бајден и додаде дека се долгогодишни пријатели.

„Со или без договор, ние ќе продолжиме да правиме сè што е во наша моќ за да спречиме Иран да набави нуклеарно оружје. Иран не е како другите земји кои денес имаат нуклеарни капацитети“, кажа премиерот на Израел.

Тој долго време инсистира дека иранските нуклеарни аспирации претставуваат најголема закана за Израел и остро се противи на напорите на администрацијата на Бајден да го заживее нуклеарниот договор на големите сили со Иран од 2015 година.

Изјавата на Нетанјаху предизвика критика од министерот за одбрана Бени Ганц кој ја истакна важноста на односите на Израел со САД, кажувајќи дека „Америка била и ќе биде најважниот сојузник на Израел за зачувување на израелската безбедност и воената надмоќ“.

„Администрацијата на Бајден е вистински пријател на Израел. Израел нема подобар партнер од САД и нема да го има. Дури и ако има недоразбирања, тие мора да се решат со директен дијалог зад затворени врати, а не со конфронтациски изјави“, кажа Ганц, кој се очекува да биде министер за одбрана и во новата влада, која ќе ја замени таа на Нетанјаху, за која сега се преговара.

Ганц се согласи дека Иран претставува глобална закана, но кажа дека Израел ја одржал својата воена доминација на Блискиот Исток.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе