Нетанјаху кажа дека по Трамп ќе крсти израелска населба на Голан (ВИДЕО)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе изнесе наскоро пред владата предлог новата населба на Голанската висорамнина да го носи името на претседателот на САД Доналд Трамп.

Нетанјаху го дава овој предлог во знак на благодарност за тоа што Белата куќа го призна суверенитетот на Израел над таа територија.

„Сите Израелци беа длабоко трогнати кога претседателот Трамп ја донесе својата одлука“, вели Нетанјаху во видео изјава на Голан, објавена на Твитер.

Тој додаде дека, по важниот еврејски празник Пасха, „пред владата ќе изнесе резолуција со која ќе повика новата населба на Голанската висорамнина да биде наречена по американскиот претседател Доналд Џ. Трамп“.

Израел ја окупираше Голанската висорамнина од Сирија во 1967 година, за време на Шестдневната војна, и ја анектираше во 1981 година, што не е признаено од меѓународната заедница.

Вашингтон минатиот месец отстапи од ваквиот став кога Трамп потпиша декрет за признавање на израелскиот суверенитет врз окупираната територија.

Потегот на Трамп следеше по негова одлука во декември 2017 година да го признае Ерусалим како израелска престолнина.

Израел претходно, независно од оваа најава, потврди дека од почит кон претседателот на САД планира да ја нарече железничката станица во близина на Ѕидот на плачот во Ерусалим по него.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе