„Прекрасен роденденски подарок“ за Трамп

Нетанјаху ја претстави населбата Трамп Хајтс, именувана по американскиот претседател (ФОТО+ВИДЕО)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја претстави новата населба во окупираната Голанска висорамнина, именувана по американскиот претседател Доналд Трамп.

На церемонијата на именувањето во неделата, Нетанјаху рече дека Трамп Хајтс му оддава признание на Трамп за неговата одлука да го признае израелскиот суверенитет над територијата.

Градежните работи допрва треба да започнат, но знакот со името на Трамп и американските и израелските знамиња, беше обелоденет.

Критичарите го оценија како потег за публицитет без легална основа.

Израел ја зазеде Голанската висорамнина од Сирија во војната на Блискиот Исток во 1967 година. Во март, САД станаа првата земја која го признаа израелскиот суверенитет во областа, откако Израел ја анектираше во 1981 година.

„Ова е историски ден“, рече премиерот на Израел, стоејќи до американскиот амбасадор Дејвид Фридман.

„Поминаа многу години од основање на ново населено место во Голанската висорамнина. Денес се случува: правиме важен чекор кон подемот на Трамп Хајтс. Со гордост ќе го носи името на еден многу голем пријател на Државата Израел, и јас сум исто така многу горд да кажам голем мој пријател“.

Нетанјаху зборуваше за името како симбол на благодарност за одлуката на Белата куќа да го признае Ерусалим како главен град на Израел и Голанската висорамнина како дел од Израел, додека Фридман зборуваше за населбата како „прекрасен роденденски подарок“ за Трамп, кој во петокот наполни 73 години.

Трамп подоцна ја изрази својата благодарност преку Твитер.

И покрај „свечениот состанок на кабинетот“ за да се одобри изградбата на населбата на сириската граница, како шеф на привремената влада, која не успеа да формира владејачка коалиција по изборите во април, Нетанјаху нема моќ да ја одобри изградбата. Иницијално, Трамп Хајтс би можеле да постојат повеќе од знак ако и кога неговиот блок ќе победи на новите избори во септември.

Неговите главни противници за претстојните избори ја критикуваа церемонијата како евтин предизборен трик со користењето на името на Трамп (и можеби истовремено оттргнувајќи го вниманието од пресудата на неговата сопруга Сара, истото попладне).

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе