Ранети се седум луѓе

Нетанјаху ја прекина посетата на Вашингтон поради ракетниот напад од Газа, вети одговор „со сила“ (ВИДЕО)

Седум луѓе беа ранети рано утринава откако куќа во централен Израел беше погодена со ракета испукана од Појасот Газа, објавија израелските власти.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху најави дека веднаш ќе ја скрати посетата на Вашингтон поради нападот, кој би можел да предизвика нова рунда насилства пред израелските избори.

Сирените за ракетна тревога ги разбудиле жителите во областа Шарон североисточно од Тел Авив, по што избегале во засолништата. Следела силна експлозија, јавува Асошиејтед прес.

Ракетата уништила куќа крај градот Кфар Сабе во заедницата Мишмерет. Во експлозијата на ракетата повредени се две жени на возраст од 59 и 30 години, а полесно е ранети и две деца и бебе.

Нетанјаху ракетниот напад го нарече „злосторнички чин“ и се закани со одговор „со сила’.

Тој кажа дека ќе се врати во Израел веднаш по денешната средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Првичните процени укажуваат дека ракетата е испукана од јужниот дел на Појасот Газа, околу 100 километри оддалечен од местото на експлозијата.

Разузнавачки извори наведуваат дека ракети со таков дострел имаат само исламската екстремистичка група Хамас која владее со Газа и Исламски џихад.

Војската потврди дека го идентификувала испукувањето на ракетата од Газа и дека одбранбениот систем „железна купола“ не е активиран.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе