Израелскиот премиер откри

Нетанјаху: Израел тајно преговара за нормализација на односите со многу арапски и муслимански земји

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа дека Израел води преговори со многу арапски и муслимански земји за нормализација на односите по постигнувањето на договор со Обединетите Арапски Емирати.

EPA-EFE

„Постојат уште многу необјавени состаноци со арапски и муслимански земји да се нормализираат односите со државата Израел“ кажа Нетанјаху по повод вчерашниот прв комерцијален лет на израелски авион во ОАЕ.

Премиерот на Израел оцени дека „Палестинците имаа долго време вето на мирот, не само меѓу нив и Израел, туку меѓу Израел и арапскиот свет“ и кажа дека веќе разговарал со лидерите на Судан, Чад и Оман.

Тој алудираше на неодамнешниот договор за воспоставување дипломатски односи со ОАЕ, објавен на 13 август, на кој посредуваа САД.

„Кога би морале да чекаме на Палестинците, би чекале засекогаш“, оцени Нетанјаху, пренесоа израелските медиуми.

Палестинските лидери остро ги критикуваа Емиратите за тоа што се согласија да ги нормализираат односите со Израел.

Со договорот се предвидува Израел да ги замрзне плановите за анексија на дел од Западниот брег, каде Палестинците планираат да формираат независна држава.

Нетанјаху, меѓутоа, повтори дека Израел ќе биде во состојба да ги анектира тие области.

Високиот советник и зет на претседателот на САД Доналд Трамп, Џаред Кушнер, допатува во Израел за вчера на чело на американската делегација да отпатува во Емиратите со израелската делегација со првиот лет, кажа дека патот до договорот меѓу двете земји бил долг и дека пресвртот не случува лесно.

Кушнер потсети на Трамповиот блискоисточен мировен план, оценувајќи дека тој документ довел до договорот на ОАЕ и еврејската држава, најавувајќи голем број договори.

„Многу луѓе ја опишаа состојбата на Блискиот Исток како безнадежна“, кажа Кушнер додавајќи дека во последните недели почувствувал оптимизам и дека сега теренот е подготвен за уште повеќе договори.

Емиратите се третата арапска земја по Египет и Јордан која воспоставува односи со Израел.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе