Нетанјаху: Израел нема да соработува со Меѓународниот кривичен суд

Израел нема да соработува со Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) во рамки на истрагата за наводните воени злосторства на палестинските територии, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, а пренесува Франс прес.

EPA-EFE

„Израел одлучи дека нема да соработува со ИЦЦ“, се наведува во текстот и се оценува дека судот нема легитимитет за отворање истрага против Израел.

Обвинителката на Меѓународниот кривичен суд Фату Бенсуда, на почетокот на март отвори истрага за наводните воени злосторства на палестинските територии, Израел ја отфрли иницијативата како антисемитска, а Палестинците ја поздравија.

Израел не е член на ИЦЦ, а палестинската самоуправа е.

Според системот на ИЦЦ, една држава може ако сака да се обиде да докаже дека самата отворила истрага за злосторствата и така да побара судот да ѝ ја препушти истрагата.

Судот на 19 март им даде на Израел и Палестина рок од еден месец да побараат одложување на истрагата.

„Премиерот Нетанјаху изјави дека додека израелските војници се борат со терористите, кои вршат воени злосторства, судот во Хаг одлучи да го осуди Израел“, се наведува во соопштението.

Нетанјаху одржал повеќе состаноци со високи безбедносни и политички функционери за да ја одреди израелската реакција на отворањето на истрагата.

Истрагата би требало да се бави со големата израелска офанзива на појасот Газа, под контрола на палестинското исламистичко движење Хамас. Целта на офанзивата, според Израел, била прекин на палестинскиот ракетен оган и уништување на тунелите од палестинската енклава која е под израелска блокада од 2006.

Во војната загинаа околу 2.250 Палестинци, главно цивили, а од израелска страна 74, главно војници.

ИЦЦ „донесе одлука со антисемитизам и лицемерие во сржта“, реагираше Нетанјаху по почетокот на истрагата и додаде дека неговата земја ќе ги преземе „сите мерки за да ги сведе на минимум своите цивилни загуби во борбата против тероризмот“.

„Институцијата основана за одбрана на човековите права ги штити оние кои ги газат“, додаде израелскиот премиер.

ИЦЦ е единствениот постојан суд за воени злосторства во светот формиран во 2002 за да суди за најлошите светски злочини кога локалните судови не сакаат или не можат да дејствуваат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе