Неколку дена пред изборите

Нетанјаху: Израел може да анектира делови од Западен Брег наредниве години

Говорејќи неколку дена пред израелските парламентарни избори, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека размислува за формално припојување на одредени еврејски населби во окупираниот Западен Брег.

Во интервју за израелскиот Канал 12 Нетанјаху вети дека ќе ги анектира израелските населби во окупираниот Западен Брег ако следната недела биде избран за уште еден мандат. „Ме прашувате дали се движиме кон следната фаза - одговорот е да, ние ќе преминеме во следната фаза. Јас ќе го проширам суверенитетот (на Израел)“, рече тој.

Претходно, Нетанјаху рече дека му дал на знаење на американскиот претседател Доналд Трамп дека тој не е спремен да евакуира „ниту една единствена личност“ од населбите на Западниот Брег. „Сите населби, без исклучок, оние што се во блокови и оние што не се, треба да останат под израелски суверенитет“, рече премиерот, за време на интервјуто што беше снимено во средата.

 

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе