„Нашите авиони можат да стигнат до секој дел на Блискиот Исток“

Нетанјаху: Иран е во дострел на израелските воздушни напади (ВИДЕО)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди Иран дека е во дострел на израелските воздушни напади.

„Иран неодамна се закани со уништување на Израел, но треба да знае дека нашите авиони можат да долетаат до секој дел на Блискиот Исток, вклучувајќи го Иран, а особено Сирија“, кажа Нетанјаху при постеа на воздухопловна база и ескадрила на новите борбени авиони Ф-35.

Минатата недела полуофицијалната иранска новинска агенција Мехр пренесе изјава на ирански пратеник дека ако САД го нападнат Иран, Израел ќе биде уништен за половина час.

Израел постојано повторува дека, кога станува збор за спречувањето на Техеран да развие нуклеарно оружје, сите опции се на маса.

Израел во Сирија изврши повеќе напади со борбени авиони наводно за да спречи иранската војска во таа земја да збогатува ураниум.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе