Нетанјаху: Хамас ја премина црвената линија, скапо ќе плати

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди денес дека палестинската милитантна група Хамас „ја поминала црвената линија“ со ракетниот напад на Ерусалим и најави остар одговор.

EPA-EFE

„Нема да толерираме напади на наша територија, на нашиот главен град, нашите граѓани и војници. Кој и да нè нападне, скапо ќе го плати тоа“, истакна Нетанјаху.

Тој наведе дека борбите ќе продолжат уште некое време.

Палестинското министерство за здравство соопшти вечерва дека во израелски напад врз Појасот Газа загинале девет лица, а според палестинските медиуми, меѓу жртвите има три деца.

Претходно врз Ерусалим беа испукани ракети, неколку минути по истекувањето на ултиматумот на Хамас до израелската влада да ги повлече безбедносните сили од џамијата Ал акса во Ерусалим.

Претставникот на военото крило на Хамас Абу Обеида изјави дека ракетните напади се одговор на „злосторствата и агресијата“ кои Израел ги врши во Ерусалим.

Поради ескалацијата на насилствата во источен Ерусалим вечерва се одржаа итни консултации во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе