Нетанјаху го враќа мандатот, не успеа да формира влада (ВИДЕО)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го информираше вечерва израелскиот претседател Рувен Ривлин дека му го враќа мандатот, кој му го довери да формира влада по парламентарните избори на 17 септември, бидејќи не успеа во тоа.

Откако го добив мандатот работев неуморно да формирам широка влада на национално единство. Тоа е она што народот го сака“, порача Нетанјаху во видео постирано на неговиот фејсбук профил.

Тој, меѓутоа, додаде дека напорите да го „доведе (Бени) Ганц на преговарачката маса и да спречи уште едни избори“ не вродија со плод, бидејќи лидерот на сојузот Сино-бело тоа постојано го одбиваше.

Претседателот Ривлин соопшти дека планира да го задолжи Ганц, поранешниот началник на Генералштабот, тој да се обиде да формира владејачка коалиција. На располагање ќе има 28 дена.

Се очекува Ровлин својата одлука официјално да ја соопшти во следните 72 часа, односно до четврток навечер. Вториот човек во Сино-белиот сојуз, Јаир Лапид, изјави дека „Биби повторно не успеа“, користејќи го прекарот на Нетанјаху и оценувајќи дека тоа се случува во низа.

Сино-белиот сојуз соопшти дека сега е време за акција и дека „сојузот е решен да формира либерална влада на национално единство предводена од Бени Ганц за која народот гласаше минатиот месец“.

Сојузот на партии од центарот освои 33 пратенички места од вкупно 120, едно повеќе од конзервативниот Ликуд на Нетанјаху.

Меѓутоа, и Ганц и Нетанјаху беа далеку од обезбедување на потребното мнозинство од 51 пратеник.

Ривлин сепак му го даде мандатот на Нетанјаху, бидејќи него го поддржаа 55 пратеници, еден повеќе од Ганц.

Доколку ни Ганц не успее да формира влада, секој пратеник кого ќе го поддржат најмалку 61 член на Кнесетот ќе биде следниот што ќе го добие мандатот.

Септемвриските избори беа втори во Израел годинава, што не се случило од формирањето на државата во 1948 година, а би можело да се случи повторно да се гласа за неколку месеци.

Ганц се залага за национално единство, но не сака да биде во влада со Нетанјаху, на кого му се закануваат обвинувања за корупција.

Лидерот на националистичката партија Израел наш дом Авигдор Либерман со осум пратенички места не ги поддржа ни Ганц ни Нетанјаху за премиер, а се смета за клучен фактор за формирање влада.

Либерман кажа дека е за влада на единство во која нема да има ни верски ни ултрадесничарски партии.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе