ОФИЦИЈАЛНАТА ПОЛИТИКА НА ИЗРАЕЛ

Нетанјаху: Го поддржувам создавањето на независен Курдистан

И други израелски официјални лица, вклучувајќи го и покојниот претседател Шимон Перес и министерот за одбрана Авигдор Либерман, порано исто така ја поддржуваа независноста на Курдите.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утрово изјави дека Израел го поддржува формирањето на независната држава на Курдите, пренесоа израелските медиуми.

Нетанјаху поддршката за независноста на Курдите ја изкажувал и порано. Во 2004 година, тој рече дека Курдите заслужуваат своја посебна држава.

Меѓутоа, неговото денешно соопштение е одраз на официјалната политика на Израел воочи можниот референдум за курдска независност.

И други израелски официјални претставници, вклучувајќи го и покојниот претседател Шимон Перес и министерот за одбрана Авигдор Либерман, порано ја поддржуваа независноста на Курдите. Пред неколку дена, израелската министерка за правда, Ајелет Шакед, оцени дека „Израел и западните земји имаат голем интерес во основањето на државата Курдистан“ и дека сметаат дека е дојдено времето САД да го поддржат тој процес.

Пред неколку дена и поранешниот израелски заменик на шефот на армијата генерал-мајор Јаир Голан, на собирот во Вашингтон изрази поддршка на курдската независност и рече дека Курдската работничка партија (ПКК) во Турција не е терористичка организација.

„Од мое лично гледиште ПКК не е терористичка организација, така јас го гледам. Кога ќе го погледнете Иран на исток, кога ќе ја погледнете нестабилноста во регионот, стабилен и обединет курдски ентитет на сред мочуриште не е лоша идеја“, рече Голан, а неговиот говор привлече големо внимание во медиумите во Вашингтон, Турција и Ирак, бидејќи ПКК изврши илјадници напади врз турските војници и цивили во текот на годините и поради намерата на владата во ирачкиот Курдистан овој месец да одржи референдум за независност.

САД се противат на ова и вршат притисок врз курдското раководство да отстапат од планот. Меѓутоа, Нетанјаху рече дека Израел е против ПКК и смета дека е терористичка група за разлика од Турција која ја поддржува терористичката организација Хамас.

„Израел се спротивставува на тероризмот во целина и ги поддржува легитимните напори на курдскиот народ да постигнат своја сопствена држава“, рече тој.

Израел веќе долго време со симпатии се однесува кон Курдите и е прва земја која официјално ги поддржа плановите за гласање на референдумот, објави агенцијата АП.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе