Нетанјаху го отстрани Трамп од насловната фотографија на Твитер

Израелскиот премиер денеска го отстрани американскиот претседател Доналд Трамп од насловната фотографија на својот профил на Твитер, очигледно раскинувајќи ги врските со политичкиот сојузник кому му се заканува отповикување.

Фотографијата на која седи покрај Трамп во Белата куќа долго време имаше главно место на официјалниот профил на Нетанјаху, како сведоштво за блиските врски на конзервативниот израелски лидер со републиканскиот претседател и за неговата популарност во Израел.

Во вторникот наутро, Нетанјаху ја смени фотографијата со нова, на која тој прима вакцина против коронавирусот, заедно со слоганот на израелската кампања за вакцинирање: „Граѓани на Израел, се враќаме во живот“.

Нетанјаху не ја отстрани фотографијата со Трамп ниту по Трамповиот пораз од демократот Џо Бајден на изборите на 3 ноември.

Фотографијата минатиот месец накратко беше заменета со фотографија на темата Ханука, што тогаш предизвика шпекулации во медиумите дека Нетанјаху решил да се дистанцира од Трамп.

Но кога заврши осумдневниот празник на Евреите, Трамп повторно се појави на профилот на израелскиот премиер, иако веќе не сам со Нетанјаху на фотографијата. Нетанјаху тогаш на својот профил постави фотографија од себе и претседателот заедно со министрите за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, кои во септември потпишаа договор со Израел за нормализирање на односите во Белата куќа.

Нема објаснување зошто Трамп исчезна од профилот на Нетанјаху денеска, само еден ден пред Претставничкиот дом на САД вторпат да расправа за отповикување на Трамп по упадот на неговите приврзаници во Капитол.

Твитер во петокот трајно го укина профилот на самиот Трамп поради „ризик од понатамошно поттикнување насилство“.

Во телевизиското обраќање во четвртокот, Нетанјаху ги опиша настаните во Капитол како „дивјаштво“ и изрази уверување дека американската демократија ќе надвладее.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе