Нетанјаху: Договорот со ОАЕ не значи дека одобруваме продажба на оружје на таа држава

Израел не го ублажи своето спротивставување на американската продажба на оружје на Обединетите Арапски Емирати што може да ја намали воената супериорност на Израел, откако двете држави ги нормализираа своите дипломатски односи, објави денеска канцеларијата на израелскиот премиер.

EPA-EFE/Emil Salman

Изјавата од канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху доаѓа по извештајот во весникот Једиот Ахронот дека владата на американскиот претседател Доналд Трамп планира „огромна“ продажба на борбени авиони Ф-35 на Емиратите, како дел од минатонеделната одлука на арапската држава за нормализирање на односите со Израел.

Според неколку деценискиот стар договор, Вашингтон не продавал оружје на Блискиот исток што може да ја поткопа воената предност на Израел. Ова важело и за авионите Ф-35 кои не се достапни за арапските држави, додека Израел ги има и ги користи.

„Во разговорите со Обединетите Арапски Емирати, Израел не ги смени своите доследни ставови против продажбата на оружје и одбранбени технологии за државите од Блискиот исток што можат да ја нарушат воената рамнотежа“, се вели од канцеларијата на Нетанјаху.

По нормализацијата на односите, владата на Трамп минатиот четврток сигнализираше дека може со ОАЕ да постигне договор за продажба на оружје.

Министерот за разузнавање Ели Коен рече дека не се дискутирало за промени во политиката за рамнотежа на воената моќ и дека Израел не се согласил на какви било американски промени.

Обединетите Арапски Емирати и Израел минатиот четврток објавија дека постигнале историски договор со посредство на Соединетите Држави што ќе доведе до целосна нормализација на дипломатските односи меѓу двете држави.

Така, Емиратите станаа трета арапска и прва заливска земја кои воспоставија дипломатски односи со Израел, по Египет и Јордан.

Повеќето блискоисточни држави го бојкотираат Израел уште од основањето на државата во 1948 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Emil Salman

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе