„Ги чуваме и соседите“

Нетанјаху до новинарите: Да го нема Израел, радикалниот ислам би го прегазил Блискиот Исток (ВИДЕО)

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху на собирот на христијански новинари во Ерусалим оцени дека Израел е единствената земја на Блискиот Исток во која христијанската заедница просперира и расте.

„Да го нема Израел радикалниот ислам лесно би го прегазил Блискиот Исток. Израел не само што се брани себе, туку исто така ги чува и соседите“, рече израелскиот лидер, пренесоа денес израелските медиуми.

Говорејќи синоќа пред 40 новинари од 140 земји Нетанјаху ја обвини палестинската власт дека ги прогонува христијаните, истакнувајќи дека тие чинеле 80 проценти од населението во Витлеем на Западниот Брег кога Израел го предал градот на Палестинците, а сега ги има само 20 проценти.

Израелскиот премиер на Конференцијата на христијанските медиуми ги поздрави новинарите во Ерусалим „вечниот главен град на Израел“, како што рече.

Тој додаде дека секој кој ја доведува во прашање врската меѓу тој град и еврејскиот народ би требало само да земе лопата, да ја забие во земја и да види што ќе добие.

Нетанјаху зборувал на различни теми, почнувајќи од одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да ја пресели амбасадата на својата земја од Тел Авив во Ерусалим, за што рече дека е поправување на „историска грешка и заслужува аплауз“, а зборуваше и за Иран.

За таа земја рече дека мора да избере дали ќе биде држава или причина, цитирајќи го поранешниот државен секретар на САД. Тој заклучи дека Иран за сега се причина и дека Арапите се првата жртва.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе