Нетанјаху до Израелците: Ако повторно ме изберете, ќе го анектирам Западниот брег

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го анектира делот од окупираниот Западен брег на границата со Јордан, доколку повторно биде избран на функцијата.

Парламентарните избори во Израел се одржуваат на 17 септември.

Тој прецизираше дека ќе го прошири израелскиот суверенитет над долината на Јордан која сочинува околу 30 отсто од Западниот брег и северниот дел на Мртовото Море ако повторно стане премиер.

Обраќајќи им се на новинарите во Рамат Гану кај Тел Авив тој кажа дека мировниот план на владата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде објавен по изборите во Израел и дека ќе обезбеди „историска можност“ за анексија на Западниот брег и други области.

„Од почит кој претседателот Трамп и големата верба во нашето пријателство, јас ќе чекам со примената на суверенитетот до објавувањето на претседателскиот политички план“, кажа Нетанјаху.

Тој објасни дека „сака да го примени суверенитетот во максимална координација со САД“, но дека постои едно место каде што е можно да се примени суверенитетот на Израел непосредно по изборите и дека тоа ќе го направи ако добие јасен мандат од граѓаните на Израел.

Нетанјаху таа област ја нарече источната граница на Израел, пренесуваат израелските медиуми.

Анексијата на израелските населби на Западниот брег најверојатно ќе значи крај на надежите за формирање независна палестинска држава покрај Израел.

Нетанјаху не кажа што ќе прави со територијата на која живеат преку два милиони Палестинци.

Во еврејските населби на Западниот брег и во анектираниот источен Ерусалим живеат околу 600.000 Евреи.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе