Нетанјаху до 10 јули мора да ја напушти премиерската резиденција

Новиот лидер на израелската опозиција, доскорешниот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговото семејство ќе ја напуштат официјалната резиденција на премиерот најдоцна до 10 јули, соопшти Ерусалим.

EPA-EFE

Израелскиот парламент Кнесет ѝ изгласа на 13 јуни доверба на новата влада на Израел на чело со Нафтали Бенет. Со тоа заврши владеењето на Нетанјаху кој беше премиер најдолго во историјата, 12 последователни години.

Иако новата влада даде заклетва, Нетанјаху сè уште не ја напуштил премиерската резиденција во Ерусалим, пред која неколку недели имаше граѓански протести за негова оставка.

Во заедничко соопштение на кабинетот на Бенет и на Нетанјаху се наведува дека е постигнат договор Нетанјаху и неговото семејство да ја напуштат резиденцијата најдоцна до 10 јули. Се додава дека во резиденцијата потоа ќе се всели Бенет.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе