Маоз, лидерот на партијата Ноам, врз основа на договорот, меѓу другото, ќе биде задолжен за јакнење на еврејскиот идентитет меѓу Израелците, пренесува Гардијан.
Партијата на Маоз Ноам учествуваше на изборите заедно со партијата на Верски ционизам на Итимар Бен Гвир, која освои 14 места во 120-члениот израелски парламент.
Овој договор е дел од плановите на Нетанјаху да постигне договор за поделба на власта со партиите од десницата, по парламентарните избори одржани на 1 ноември.
Доколку Нетанјаху формира влада со Моаз и Бен Гвир, тоа ќе биде една од најдесните влади во историјата на Израел.