„Би сакал да почнам со лично и искрено извинување до нашите сограѓани кои патеа многу часови, заробени на (обиколницата) Атика одос“, кажа Мицотакис на почетокот на седницата на владата.
Мицотакис порача дека имало грешки и недостатоци кои мораат да се поправат.
„Точно е дека инфраструктурата на една медитеранска земја не е секогаш прилагодена на услови на обилни снежни врнежи“, кажа грчкиот премиер.
Повеќе од 3.500 луѓе се евакуирани од главната обиколница околу Атина, откако силната снежна бура ја зафати речиси цела Грција, покривајќи ја престолнината со снежна прекривка и предизвикувајќи хаос во сообраќајот.
Војската и припадници на градските служби ги отстранија денес стотиците возила кои три дена беа заглавени во снегот долж главната обиколница која ја поврзува Атина со меѓународниот аеродром.
Грчките власти вчерашниот ден го прогласија за државен празник, затворајќи ги државните канцеларии и приватните компании освен супермаркетите, аптеките и бензинските пумпи во поширокиот регион на Атина и некои острови.
Училиштата ќе останат затворени до петок бидејќи снегот и понатаму го блокира пристапот до објектите.