Нешнал интерест: Балтикот е најверојатното место за конфликт на авионите на Русија и НАТО

Балтичкото Море би можело да биде местото каде што би се одиграла воздухопловна битка на руските и силите на Северноатлантската алијанса во случај на конфликт, пишува американски Нешнал интерест.

EPA-EFE

„Балтичкото Море би можело да биде главната воздушна сцена на каков било иден судир на Русија и НАТО, сите земји вршат бројни летови во воздушниот простор над него, проверувајќи го времето на реакција на противникот“, пишува за весникот воениот аналитичар Тревор Филсет.

Според него, Балтикот „меѓу себе го делат Русија, Финска, Шведска, но и Полска, Германија и Данска“. Вторите три земји, потсетува аналитичарот, се членки на НАТО.

Повод за написот веројатно се настаните од 15 јуни, кога над Балтичкото Море лет извршија руските стратегиски бомбардери Ту-160, кои на делови од рутата ги следеле странски ловци, како и обвинувањата на естонски војници дека два руски авиони Су-35, кои ги придружувале бомбардерите, истиот ден ја „нарушиле воздушната граница на земјата“. Поради тоа министерството за надворешни работи на Естонија го повика амбасадорот на Русија и му врачи протестна нота.

Руското министерство за одбрана, пак, соопшти дека маневрите на воздухопловно-вселенските сили на Русија се реализираат „строго во согласност со меѓународните правила“.

На 6 јуни на Балтичкото Море почна големата воена вежба на НАТО Балтопс 2021. Во двонеделната вежба учествуваат околу 4.000 војници од 16 земји на Алијансата, 60 брода и 40 авиони. Вежбите кои почнаа кај брегот на Данска полека се приближуваат кон руската Калининградска област.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе