Нереди во Ирак, најмалку 30 мртви од боева муниција

Најмалку 30 лица загинаа во новиот бран протести низ Ирак кога полицијата отвори оган за да ги растера демонстрантите.

Новиот биланс на жртви го соопшти полуофицијалната ирачката Висока комисија за човекови права.

Десетици илјади луѓе, претежно млади и невработени мажи, вчера ги преплавија плоштадите и ги блокираа улиците во Багдад, протестирајќи во знак на протест за тешката економска состојба и лошите јавни услуги, пренесува АП.

Нереди имаше во Насирија, Амара, Самава и некои други ирачки градови.

Висок ирачки службеник за безбедност рече дека демонстрантите во Багдад биле убиени кога безбедносните сили пукале со боева муниција за да ги растераат.

Тој рече дека полицијата исто така користела и солзавец и гумени куршуми против демонстрантите.

Насилството во Насирија се случило кога ирачката шиитска милитантна група Асаиб Ал ал-Хак отворила оган врз група демонстранти што се обиделе да влезат во нејзината локална канцеларија, додека демонстрантите во јужниот град Амара се обиделе да влезат во канцелариите на локалната милиција.

Демонстрантите ги запалиле канцелариите на шиитската политичка партија и на шиитската милиција во јужната ирачка провинција Мутана, соопшти полицијата.

Канцелариите на движењата „Хикма“ и „Асаиб Ал ал-Хак“ биле запалени во градот Самава.

Протестите против корупцијата, невработеноста и недостигот од основните услуги, кои избувнаа во почетокот на месецот, станаа насилни откако безбедносните сили почнаа да користат боева муниција.

По една недела насилство во ирачкиот главен град и јужните делови на земјата, владината истрага откри дека безбедносните сили употребиле прекумерна сила, убивајќи 149 лица, а ранувајќи повеќе од 3.000. Осум припадници на безбедносните сили исто така се убиени.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе