Нереди во Брисел по победата на Мароко против Белгија

На улиците на Брисел избувнаа нереди откако Мароко ја победи Белгија на Светското првенство во фудбал. Околу 100 полицајци интервенирале со два водени топови и солзавец за да ја растераат толпата која уништувала имот.

Фото: ЕПА

Како што пренесуваат медиумите, толпата ја гаѓала полицијата со камења, ги уништила автомобилите во близина, искршила излози, а запалени се и голем број електрични трицикли.

Непосредно пред крајот на натпреварот, неколку десетици луѓе, меѓу кои некои со качулки, излегоа во центарот на Брисел „барајќи пресметка со полицијата“, загрозувајќи го јавниот ред и безбедност, соопшти полицијата.

Полицијата ги повика жителите на Брисел да го избегнуваат центарот на градот, за да не бидат во опасност при пресметката со демонстрантите.

Натпреварот помеѓу Белгија и Мароко го следеа на јавни места навивачи на двете репрезентации.

Во Белгија има голема заедница на марокански иселеници.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе