Неработна недела во Русија, рекорден број починати од ковид-19

Рускиот претседател Владимир Путин ги одобри плановите на работниците во цела Русија да им се даде неработна недела со полна плата, од 30 октомври до 7 ноември.

Фото: ЕПА

„Во моментов особено е важно да се спречи врвот на новиот бран на пандемијата. Во оваа насока, земајќи ја предвид моменталната ситуација, ги поддржувам предлозите за воведување неработни денови низ целата земја во периодот од 30 октомври до 7 ноември, со зачувување на платите за работниците“, рекол Путин на состанокот со членовите на кабинетот, пренесе руската агенција ТАСС.

Според рускиот претседател, сега е најважно земјата „да го прекине синџирот на ширење на вирусот... Нашата главна задача сега е да ги заштитиме животите на граѓаните и, колку што е можно, да го минимизираме ширењето на заразите со ковид-19“.

Во претходните денови во Русија беа соборувани „рекорди“ во бројот на новозаразени и смртни случаи од ковид-19.

Денеска руските власти објавија дека земјата забележала најголем број смртни случаи поврзани со коронавирусот од почетокот на пандемијата минатата година. „Во изминатите 24 часа починаа 1.028 луѓе“, се вели во соопштението на властите. Најголем број жртви се пријавени во двата најголеми града во земјата, Москва и Санкт Петербург.

Вкупниот број на новозаразени денеска достигна 8.094.825, бројот на смртните случаи од почетокот на пандемијата на коронавирусот сега е 226.353, а бројот на пациенти подложени на третман се искачи на 802.760.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе