Неонацисти маршираа во знак на почит на заменикот на Хитлер, полицијата спроведува истраги (ВИДЕО)

Германската полиција отвори 45 истраги за криминални дела извршени за време на неонацистичкиот собир и контрапротестот кои се одржаа вчера во Берлин и на кој левичари ги нападнаа десничарите.

Истрагите се отворени поради наводни напади, нарушување на мирот, нанесување штета на сопственост, кршење на правото на собир и пружање отпот на силите за безбедност, соопшти денес портпаролката на германската полиција.

Над 600 неонацисти учествуваа во маршот низ берлинскиот кварт Фридрихшајн за да ја одбележат годишнината од смртта на Рудолф Хес, заменикот на Адолф Хитлер.

Ги дочекаа поголем број левичарски контрадемонстранти од кои некои фрлаа камења и шишиња. Полицијата соопшти дека се уапсени 29 лица, а дека шестмина полицајци се повредени.

Маршот на екстремната десница првично беше планиран за западниот округ Спандау во кој Хес беше во доживотен затвор сѐ додека во 1987 не се обеси на 93 години.

Активисти на зелените, социјалдемократите и германските работнички синдикати беа меѓу контрадемонстрантите кои се собраа во Спандау. На терен имало околу 2,3 илјади припадници на силите за безбедност.

Хес во мај 1941 со падобран скокна во Шкотска во обид да договори мир со Велика Британија во Втората светска војн каде беше уапсен и на крајот на војната на судењето во Нирнберг му беше изречена доживотна казна поради злосторства против мирот.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе