Снимката е направена од кабината на леталото, на на неа се гледа силуетата на американската нуклеарна подморница над која лебди хеликоптерот СХ-3Д на иранската воена морнарица.
Today, in the Persian Gulf, there was a close contact between the American nuclear submarine and the Iranian anti-submarine helicopter SH-3D. pic.twitter.com/JhhEkFojqB
— ZOKA (@200_zoka) January 14, 2021
Пред два дена иранската морнарица доби два нови воени брода – логистичкиот брод „Макран“ и ракетниот брод „Зерех“.
„Макран“ е во моментов најголемиот воен брод на Исламска Република Иран и може да носи седум хеликоптери. Служи како поддршка на други пловила на отворено море, а пред сè ќе биде насочен на задачи во Индискиот Океан и Црвеното Море.
Тој ќе биде и пловечка база за малите и брзи чамци на Револуционерната гарда кои оперираат во Персискиот залив, додека ракетниот брод „Зерех“ ќе служи за одбрана на територијалните води на Иран.