Го заобиколи Јужното Кинеско Море

Ненси Пелоси пристигна на Тајван (ВИДЕО)

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси пристигна на Тајван, почнувајќи ја посетата за која Пекинг ја предупреди дека „не треба да оди“, заканувајќи се дека ќе ги уништи кинеско-американските односи.

EPA-EFE

Пелоси е на турнеја по Азија која вклучува ненајавени посети на Сингапур, Малезија, Јужна Кореја и Јапонија.

Таа по слетувањето кажа дека „посветеноста на САД на демократски Тајван е поважна од кога било“.

„Посетата на нашата конгресна делегација на Тајван е искажување почит кон неколебливата посветеност на Америка на поддршката на живата тајванска демократија“, кажа Пелоси набрзо по слетувањето.

„Солидарноста на Америка со 23 милиони луѓе на Тајван денес е поважна од кога било, бидејќи светот се соочува со избор меѓу автократија и демократија“, кажа таа.

Дописникот на Политико Стјуарт Лау објави дека Кина, по слетувањето на Пелоси на Тајван, најави воени вежби околу островот утре и задутре, барајќи бродовите и авиони да ја избегнуваат областа.

Пелоси со авион на американското воено воздухопловство слета денес на Тајван откако полета од Малезија и тргна по рута со која го заобиколи Јужното Кинеско Море.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе