Ненси Пелоси, наместо Русија, ѝ ветува помош на Ерменија

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, вчера остро ги осуди, како што рече, „незаконските“ прекугранични напади на Азербејџан врз Ерменија, користејќи ја својата посета кај сојузникот на Русија за да вети поддршка од САД за суверенитетот на таа земја.

Фото: ЕПА

Пелоси ја опиша посетата на Ерменија, која се наоѓа меѓу Азербејџан, Грузија, Турција и Иран, како обид да се зајакне поддршката за, како што таа го нарече столбот на демократијата.

Говорејќи во Ереван, Пелоси рече дека нејзината посета е значајна по „незаконските и смртоносни напади од Азербејџан на ерменска територија“, кои предизвикаа гранични судири во кои загинаа повеќе од 200 луѓе.

„Силно ги осудуваме тие напади“, рече Пелоси, зборувајќи заедно со претседателот на ерменскиот парламент Ален Симоњан, кој минатата недела изрази незадоволство од одговорот на воената алијанса предводена од Русија на барањето помош за Ереван.

Пелоси, која минатиот месец ја налути Кина со посетата на Тајван, рече дека е јасно дека граничните судири биле предизвикани од нападите на Азербејџан врз Ерменија и дека хронологијата на настаните треба јасно да се предочи. „Конфликтите ги иницираа Азербејџанците и тоа треба да се признае“, рече Пелоси.

Нејзините изјави предизвикаа невообичаено остра реакција од Баку, кој објави дека таа го загрозува мирот на Кавказ.

„Неиздржаните и неправедни обвинувања што Пелоси ги упати кон Азербејџан се неприфатливи“, се наведува во соопштението на МНР. „Ова е сериозен удар за напорите за нормализирање на односите меѓу Ерменија и Азербејџан“, соопшти Министерството, нарекувајќи ги изјавите на Пелоси „ерменска пропаганда“.

Ваквото категорично обвинување на едната страна за конфликтот не е во согласност со претходните официјални најави на Стејт департментот. Државниот секретар Ентони Блинкен изрази загриженост за конфликтот и повика на смиреност, но не обвини ниту една од страните.

Ерменија соопшти дека Азербејџан нападнал најмалку шест ерменски населби кратко по полноќ на 13 септември, напаѓајќи ја цивилната и воената инфраструктура со беспилотни летала и оружје од голем калибар. Ереван тврди дека станува збор за неиспровоцирана агресија.

Азербејџан, кој е поддржан од Турција, ги отфрли тврдењата. Баку тврди дека ерменските диверзантски единици се обиделе да ги минираат азербејџанските позиции, што ги поттикнало војниците да одговорат.

Русија, која во повеќе наврати ја критикуваше Пелоси за нејзината посета на Тајван, го смета Кавказот за нејзина сфера на влијание и негодува на секој вид американско мешање во регионот.

Москва, сепак, е преокупирана со војната во Украина, која го предизвика најголемиот конфликт со Западот од екот на Студената војна.

Русија е главен воен сојузник на Ерменија, а на северот од таа земја има воена база за мировните сили долж линијата на контакт во Нагорно-Карабах.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе