„Ненадејно почина“ лекарот што во Сибир го лекуваше Навални по труењето

Рускиот лекар што го лекуваше опозицискиот лидер Алексеј Навални веднаш откако беше отруен минатиот август почина на 55-годишна возраст.

Фото: ЕПА

Заменик-главниот лекар за анестезиологија и реанимација Сергеј Максимишин „почина ненадејно“, објави неговата болница во сибирскиот град Омск. Максимишин работел во болницата 28 години.

„Со тага ве известуваме дека... заменик-главниот лекар за анестезиологија и реанимација на ургентната болница, асистент на одделот на Државниот медицински универзитет во Омск, докторот на медицински науки Максимишин Сергеј Валентинович ненадејно почина“, соопшти болницата не споменувајќи ја причината за смртта.

Портпаролката на регионалното Министерство за здравство на Омск денеска за Си-ен-ен изјавила дека според „прелиминарните податоци“ Максимишин починал како резултат на срцев удар. Таа не дала дополнителни детали.

Леонид Волков, шефот на кабинетот на Навални, потврди дека Максимишин бил одговорен за лекување на опозицискиот лидер. „Сергеј Максимишин беше шеф на одделот што го лекуваше Алексеј Навални и беше одговорен за неговото лекување - конкретно за неговата медицински предизвикана кома“, изјавил Волков за Си-ен-ен.

„(Максимишин) знаеше повеќе од кој било друг за состојбата на Алексеј, така што не можам да ја отфрлам можноста за злочин“, додал тој.

„Сепак, рускиот здравствен систем е многу лош и не е невообичаено лекарите на негова возраст ненадејно да починат. Се сомневам дека ќе има истрага за неговата смрт“, рекол Волков.

Во ноември, главниот лекар во истата болница, Александар Мураховски, кој се најде под лупата на јавноста поради лекувањето на Навални, беше унапреден во функцијата регионален министер за здравство.

Во тоа време Мураховски само потврди дека Навални страдал од метаболичко нарушување, а не од последици од труење. Навални го обвини за „фалсификување“ на дијагнозата.

Алексеј Навални беше уапсен при враќањето од Берлин, каде што се лекуваше, во Москва, а неделава беше осуден на две години и осум месеци затвор за наводно кршење на условната казна во претходниот кривичен случај за измама и проневера на средства од 2014 година.

Навални никако не можел да ги почитува одредбите на условната казна затоа што беше во кома во Берлин, но кога го осуди на затвор, рускиот судија пресуди дека законите важат за сите околности подеднакво.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе