Немирите поради корона-мерките во Израел не престануваат (ВИДЕО)

Во Израел продолжуваат протестите против карантинот воведен на 27 декември 2020 година со цел спречување на ширењето на заразата со коронавирусот. Во немирите се повредни четворица полицајци, а приведени се три лица.

EPA-EFE

Протестите продолжуваат во областите во кои живеат претежно ултраортодоксните Евреи, пред сè во Беит Шамс, во близина на западен Ерусалим.

Демонстрантите го изразија незадоволството поради воведените мерки, а имало и судири со полицијата.

Во соопштението на полицијата се наведува дека четворица полицајци се повредени. Во населбите во кои живеат претежно ултраортодоксните Евреи запалени се контејнерите.

Демонстрантите бараат укинување на карантинот и повторно почнување на наставата во еврејските верски школи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе