Немири во Тирана, уапсена сопругата на албанскиот претседател (ВИДЕО)

Албанската полиција денеска во Тирана се судри со приврзаници на опозицијата што протестираа поради уривањето на зградата на Народниот театар.

Полицијата ги избрка групата уметници и некои лидери на опозицијата утрово пред зградата, пред да почне да ја руши.

Еден опозициски политичар изјави дека 30 лица биле уапсени, меѓу кои и еден новинар.

На телевизиските снимки може да се види како полицијата ја воведува во комби лидерката на мала опозициска партија, Моника Криемади, сопруга на албанскиот претседател Илир Мета.

На одлуката на владата да ја сруши зградата на Народниот театар, изградена од Италијанците кога ја окупирале Албанија во Втората светска војна, се спротивставија уметници, опозициски политичари и други граѓани, кои рекоа дека таа треба да се реновира.

Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, ги повика граѓаните да ја соборат владата поради уривањето на зградата на Народниот театар.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе