Немири во Тирана, демонстранти фрлаа димни бомби на полицијата (ВИДЕО)

Учесниците на протестите во Тирана вчера се судрија со полицијата кога се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на албанскиот парламент.

Демонстрантите фрлаа димни бомби кон полицијата, објави АТА. Полицијата ги повика да се воздржат, да останат смирени и да избегнуваат насилство за време на протестите.

autoplay:0]

Протестите во Тирана вчера се организираа осми пат, а учесниците го повикуваат премиерот Еди Рама да поднесе оставка и да формира преодна влада, која би спровела фер и демократски избори.

Претходниот протест на албанската опозиција се одржа во четвртокот, кога демонстрантите, кои фрлаа димни бомби и ја гаѓаа полицијата со тврди предмети, се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во парламентот.

Потоа отидоа до зградата на албанското Министерство за внатрешни работи, каде што бараа да се ослободат притворените демонстранти. Масовен протест на опозицијата во Албанија е закажан за 13 април.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе