Приведени 23 лица

Немири во Копенхаген откако десничар фрли Коран во воздух во емигрантски кварт (ВИДЕО)

Данската полиција денес соопшти дека 23 лица се приведени поради насилство откако екстремен десничар-провокатор фрли во воздух примерок од коранот во емигрантски кварт во Копенхаген.

Наведено е дека приведените луѓе се осомничени дека запалиле повеќе автомобили и контејнери во квартот Неребро.

Немирите почнале кога Расмус Палудан, адвокат кој го брани правото на слобода на говорот додека организира протести низ Данска под силна полициска заштита, неколку пати ја фрлил светата муслиманска книга во воздух.

Данскиот премиер Ларс Леке Расмусен акцијата на Палудан ја нарече „бесмислена провокација“.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе