Немири во Индија поради законот за државјанство, муслиманите тврдат дека се дискриминирани (ВИДЕО)

Денес во Њу Делхи избија судири меѓу полицијата и студентите од исламски универзитет поради новиот спорен закон за државјанство за кој муслиманското малцинство тврди дека е дискриминирачки.

Поради немирите во Њу Делхи е одложена посетата на јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Новиот закон им нуди индиско државјанство на припадниците на шесте малцински верски групи од соседните Бангладеш, Пакистан и Авганистан, вклучувајќи ги хиндуистите и христијаните, но не и на муслиманите, што некои критичари го оценуваат како загрозување на секуларните темели на Индија.

Студентите на универзитетот Џамија милија исламија, кој се наоѓа во самиот центар на Њу Делхи, тргнаа на демонстрации и притоа уништуваа автомобили, а неколку луѓе се повредени и завршија во болница. Полицијата одговори со солзавец и палки за да ја разбие толпата.

„Новиот закон е спротивен на идејата на секуларна Индија“, изјави студентот Закир Ријаз.

Канцеларијата на ОН за човекови права оцени дека новиот закон „е дискриминаторски во својата суштина“.

Индиската влада вели дека се обидува да ги заштити верските малцинства од прогон од околните земји. Новиот закон за државјанство би го олеснил патот кон натурализација на хиндусите, сиките, будистите, парсите или џанистите кои се доселиле од соседните држави, но не на пример и на муслиманите од етничката група Рохинџи кои се протерани од соседен Мјанмар.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе