Немири поради ковид-потврдите во Холандија: Полицијата пукаше на луѓето, има повредени (ВИДЕО)

Холандската полиција застрела и рани најмалку две лица по немирите кои избија во Ротердам поради новите епидемиолошки мерки.

Фото: ЕПА

Демонстрантите фрлаа камења и пиротехнички средства кон полицијата и запалија полициски возила, јавува Би-би-си.

Стотици демонстранти се собраа поради воведувањето ковид-потврди и забраната за огномет на новогодишната ноќ.

Холандија минатата недела воведе карантин поради зголемување на бројот на заразени, што ќе биде на сила три недели.

Седум лица се повредени, а најмалку 20 демонстранти се уапсени во ноќта која градоначалникот на Ротердам ја опиша како „оргија на насилство".

„Пукавме предупредувачки истрели, а имаше и директни бидејќи ситуацијата беше опасна по живот“, изјави за Ројтерс портпаролката на полицијата Патриша Веселс.

„Знаеме дека најмалку две лица се ранети, веројатно како резултат на предупредувачки истрел, но мора дополнително да ја истражиме точната причина“, рече таа. Подоцна беше соопштено дека меѓу повредените има и полициски службеници.

Новинската агенција ДПА објави дека најмалку седум лица се повредени и дека десетици се уапсени.

Во градот е прогласена вонредна состојба. Полицијата издаде итна уредба во Ротердам и го прекина јавниот превоз и им нареди на луѓето да останат дома. Биле користени водени топови, а полицијата на коњи ја растерувала толпата.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат изгорени полициски автомобили и демонстранти кои фрлаат камења кон полицијата. Полицијата со водени топови ги растерала демонстрантите.

Властите, исто така, ги повикала минувачите и луѓето кои ги снимале немирите да ги испратат снимките до полицијата за понатамошна истрага.

Поради новите мерки, рестораните и продавниците во Холандија мора да затворат порано, а публика е забранета на спортски настани.

Тие, исто така, воведуваат ковид-сертификати што ќе можат да ги добијат само вакцинираните или оние што преболеле ковид. Тестовите нема да се признаваат.

Владата вчера втора година по ред го забрани огнометот на 31 декември за да спречи дополнително оптоварување на здравството.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе