Немири на улиците на САД поради смртта на Афроамериканецот на кого полицаец со колено му клечел на вратот (ФОТО+ВИДЕО)

Полицијата во Минеаполис употребила солзавец за време на судирите со неколку стотици граѓани кои протестирале поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

 

Тој почина во понеделникот за време на полициско приведување во тој град.

Граѓаните се собраа во улицата во која починал Флојд извикувајќи: „Не можам да дишам“ и „Ги кренав рацете, немој да пукаш“.

За време на протестната прошетка до Третата полициска станица неколку од нив оштетиле прозорци на таа зграда, испишувале графити и оштетиле патролно возило – поради што полицијата, во опрема за разбивање демонстрации, употребила солзавец.

На собирот на граѓаните им претходеше објавата дека четворицата полицајци вмешани во апсењето на Џорџ Флојд, кој починал во полициски притвор, биле отпуштени од служба.

Случајот го привлече вниманието на јавноста откако сведоци ја снимија и на социјалните мрежи објавија снимка од интервенцијата, на која се гледа како полицаец – белец клечи врз осомничен маж-црнец на неговиот врат, додека овој се жали дека не може да дише.

Чарлс Мекмилан, еден од очевидците на трагедијата која се случи во понеделникот, кажа дека полицајците се обидувале да го уфрлат осомничениот во задниот дел на патролното возило. Тој сведочеше и дека мажот што го приведувале им кажал дека е клаустрофобичен.

Тој пренесе дека, во моментите кога коленото на полицаецот му било на вратот, осомничениот ја довикувал својата мајка, и потоа починал.

„Тажно е бидејќи тоа не мораше да се случи“, кажа Мекмилан.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа неидентификуван полицаец кој не ги слуша молбите на Флојд:

„Те молам, те молам, не можам да дишам. Те молам, човеку“, му кажува Флојд на снимката на полицаецот.

Градоначалникот на Минеаполис испрати пораки со извинување до црнечката заедница во градот.

„Да се биде црнец во Америка не би требало истовремено да значи и смртна пресуда. Цели пет минути го гледавме белиот полуцаец кој со колено му го притиска вратот на човекот кој е црнец. Пет минути. Кога ќе чуеш нечиј повик на помош – од тебе се очекува да помогнеш. Овој полицаец утна во најосновната човечка смисла“, напиша градоначалникот Џејкоб Фреј на Твитер.

Полицијата соопшти дека починатиот маж одговарал на описот на лице осомничено во случај на фалсификување во продавница за прехранбени производи, како и дека давал отпор при апсењео.

Експертите за примена на сила во полициските интервенции укажуваат дека нема сомнеж дека Флојд премногу време минал под зафатот. Сметаат дека осомничениот бил под контрола повеќе не пружал сила.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе