Нема забрана за Тачи да разговара со Белград за размена на територии

Косовскиот парламент поради недостиг од кворум не гласаше за забрана за претседателот Хашим Тачи во продолжението на дијалогот со Белград да разговара со размена на територии со Србија.

Парламентот претходно денес изгласа формирање комисија за утврдување на воените злосторства кои наводно ги извршиле Србите.

По расправата за нацрт резолуцијата, која му забранува на косовскиот претседател Хашим Тачи во продолжението на дијалогот со Србија да зборува за размена на територии или корекција на границата, во парламентот немаше гласање поради недостиг на кворум.

Поради недостигот од кворум, косовскиот парламент не ја разгледуваше резолуцијата за неуспехот и, како што се наведува, скандалите во косовската надворешна политика.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе