По најавите за олеснувања до Божиќ

Нема враќање на старо до вакцината, му порачаа британските научници на Борис Џонсон

Велика Британија има регистрирано повеќе од 45.000 смртни случаи од коронавирус, најмногу во Европа.

Фото: ЕПА

Британските научници ја отфрлија како неоснована надежта на премиерот Борис Џонсон дека Велика Британија може до Божиќ да излезе од периодот на рестриктивни мерки поради епидемијата на коронавирус и да му се врати на нормалниот живот.

Џонсон најави олеснување на мерките и луѓето беа повикани да користат јавен превоз и да се вратат на работа. Тој изјави дека навивачите треба да се вратат на стадионите до октомври и дека другите мерки треба да бидат укинати од ноември, „веројатно до Божиќ“.

Сепак, епидемиологот Џон Едмундс, член на владината советодавна група за вонредни состојби, рече дека враќањето во претпандемиската состојба нема да биде можно сè додека не се појави вакцина против коронавирусот.

Според него, светот во кој луѓето можат „нормално да одат на работа, да патуваат со автобуси и возови, да одат на одмор без ограничувања, да запознаваат пријатели, да се ракуваат, да се прегрнуваат и така натаму - за жал е многу далеку“.

Советникот на владата за здравство, Крис Вити, исто така верува дека мерките за физичко растојание ќе останат во сила „подолг период“.

Велика Британија има регистрирано повеќе од 45.000 смртни случаи од коронавирусот, што е најголем број во Европа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе