Нема да ја обноват претплатата

Нема веќе Њујорк тајмс и Вашингтон пост во Белата куќа

Белата куќа објави дека нема да ја обнови претплатата на весниците Њујорк тајмс и Вашингтон пост, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп тоа го навести во гостување на телевизија. Трамп често ги напаѓа двата весници како „лажни“.

Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам, за Политико изјави дека не планираат да ја обноват претплатата на двата главни дневни весници.

Претставниците на Пост и Тајмс одбија да коментираат.

Трамп во понеделникот на Фокс њуз го нарече Тајмс „лажен весник“ и рече „ние веќе дури не го сакаме ни во Белата куќа“.

„Веројатно ќе ја укинеме претплатата и за него и за Вашингтон пост“, рече Трамп. „Тие се лажни.“

Претседателот ги засили своите контроверзни навреди кон американските новинари откако демократите во Домот му покренаа истрага за импичмент, тврдејќи дека ја злоупотребил службената должност во односите со Украина.

Последниве денови тој тврдеше дека печатот е „корумпиран“ и дека работи за Демократската партија.

Трамп исто така го нападна новинарот на Си-ен-ен Андерсон Купер, кого го нарече „луд“, а кој кажа дека Трамп „лажно го обвинил“ синот на Џо Бајден за криминал за време на последните демократски дебати.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе