Портпаролот на Африком полковникот Кристофер П. Карнс потврди за сомалискиот сервис на Војс оф Америка дека преместувањето на трупите е завршено пред рокот предвиден со претседателската директива од минатиот декември, со кој се наложува повлекување на трупите до средината на јануари.
Карнс кажа дека во Сомалија останува „многу ограничено“ американско присуство.
Американски воени функционери претходно кажаа дека поголемиот дел од персоналот ќе биде прераспореден во регионот, но Карнс одби да даде детален преглед на местата во кои американските сили се преместени во Африка „поради тековните операции“.
Африком соопшти дека репозиционирањето е завршено два дена порано, додека сè уште е вршен притисок врз Ал шабаб. Ден пред завршување на процесот, на 13 јануари, Африком извести за трет воздушен напад врз Ал шабаб оваа година.
Пентагон на почетокот на декември најави дека ги повлекува повеќето американски војници од Сомалија по наредба на претседателот Доналд Трамп, во продолжување на напорите да се намали учеството на САД во мисиите против тероризмот во странство.
Трамп претходно нареди намалување на бројот на американските војници во Авганистан и Ирак и се очекуваше да повлече дел или сите војници од Сомалија.